Во Скопје, сончево и малку потопло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 19 степени. Маврово 12, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка 13, Берово 13, Кавадарци 20, Дојран 21.
До петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. Во сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во недела и понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.