Време

Сончево со слаб југоисточен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 24 степени.

Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот и локални врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови, а дневната температура ќе се намали за повеќе од 10 степени.

Од вторник ќе настапи стабилизација со пониски утрински температури.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе