Време

Сончево со повремен дожд во западните делови

Во поголем дел од земјава денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени,Маврово 9, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 20, Дојран 21.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и засилен ветер од северозападен правец и дневни температури - Скопје 14, Маврово 8. Охрид и Крива Паланка 12, Битола 14, Берово 11, Кавадарци 17, Дојран 18 степени.

Прогнозата за в недела е студено и ведро утро, преку денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе