Време

Сончево со попладневни локални врнежи од дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните, северозападните делови на земјава и во Пелагонија ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 25 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени. Маврово 25, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 35 степени.

Од понеделник до среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат и до 39 степени.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе