Време

Сончево со мала умерена облачност, на југот до 15 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, понекаде по котлините со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите на запад ќе ги има повремено и преку ноќта.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 10 Целзиусови степени, Маврово 3, Охрид 9, Битола 11, Крива Паланка 7, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15 степени.

Прогнозата за утре е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а попладне и во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои пониски места особено на северот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе