Време

Сончево со мала локална облачност, следува период на стабилно време

Во Македонија времето наутро ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од – 4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 16 степени. Маврово 12, Охрод 14, Битола и Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 16, Дојран 19.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе