Време

Сончево со мала локална облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и уште малку потопло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 7 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени. Маврово 7, Охрид 11, Битола и Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци 16, Дојран 19. 

Ќе преовладува сончево и се потопло време со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/ч). На крајот на работната недела ветерот ќе премине од северен кон јужен и ќе има зголемување на облачноста.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе