Во Скопје, претпладне ќе има магла, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени. Маврово 11, Охрид, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 14, Берово 13, Дојран 20.
И утре ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од вторник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.