Време

Сончево со мала до умерена облачност, од утре дожд

 Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до 11 Целзиусови степени. Во Маврово 5 степени, Охрид и Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15.

Под влијание на влажен бран во петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 5до 12 степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе