Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. Маврово -1, Охрид, Крива Паланка и Берово 4, Битола 5, Кавадарци 9, Дојран 12.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, до сабота утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.