Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.