Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово 17, Охрид 21, Битола 19, Крива Паланка 21, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 25.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.