Време

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоозападен ветер. Облачноста ќе е поголема во планинските региони каде што попладне ќе има услови да се појави краткотраен дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 18, Битола 22, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 17, Дојран 25 степени.

Прогнозата за утре е умерено до значително облачно и ветровито. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер најизразен на западот и на повисоко. Од запад ќе започнат повремени врнежи кои брзо ќе се преместат кон исток до крајот на денот и понекаде ќе се проследени со ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат од  12 во Маврово, Охрид 17, во 22 во Скопје и 23 во Дојран.

За 1 Мај прогнозата е сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на локален дожд во планинските регионо. Ќе дува умерен, до краткотрајно засилен западен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 23 степени. 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе