вторник, 19 март 2024

Почина момчето на тенисерката Сабаленка

Трагична вест за Арина Сабаленка која пред два месеци ја одбрани титулата на Австралија опен, почина нејзиното момче кое имаше само 42 години.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за Константин Колтсов, поранешен професионален хокеар, а сега работел како тренер. Како играч има настапувано и во НХЛ, во клубот Питсбург Пингинс каде се задржал четири години.

Белоруските медиуми ја пренесоа веста за ненадејната смрт на Колтсов, но причините засега не се наведени.

„Со голема тага ве известуваме дека тренерот на Салават, Константин Колцов почина. Беше весела личност, сите го сакаа и почитуваа, како играчите, така и колегите и навивачите. Константин Евгенијевич Колцов засекогаш е запиша во историјата на нашиот клуб“, пишува во соопштението од Салават УФА, клубот каде што Колтсов работеше како помошник тренер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ