Време

Сончево со локална облачност, утре намалување на дневните температури

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе дува умеран, а вдолж Повардарието и засилен северен ветер. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголемува, а ветерот дополнително ќе засили.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала облачност, попладне со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 12 степени. Маврово 9, Охрид и Крива Паланка 12, Битола 13, Берово 11, Кавадарци 14, Дојран 17.

Под влијание на продор на студена воздушна маса во утре ќе дува силен северен ветер, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Дневната температура осетно ќе се намали. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе