Време

Сончево, кон крајот на денот дожд и снег

Времето во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од 4 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 10 степени. Во Маврово 3, Охрид и Крива Паланка 7, Берово 6, Битола 9, Кавадарци 12, Дојран 13 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со умерен, а во сабота и засилен северен ветер. Од недела ќе има пораст на дневната температура.

 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе