Време

Сончево и ветровито, попладне краткотраен дожд

Времето во Maкедонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 степени. Маврово 23, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 29, Берово 27, Кавадарци 34, Дојран 35.

Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе