Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.
Од понеделник, во западните делови се очекува повремено зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотрајна нестабилност со ретки грмежи. Од вторник ќе преовладува претежно сончево, но во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.