Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, позастапена во западните делови каде што краткотрајно ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од понеделник, во западните делови се очекува повремено зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотрајна нестабилност со ретки грмежи. Од вторник ќе преовладува претежно сончево, но во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе