Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени. Маврово 26, Охрид и Битола 33, Крива Паланка и Берово 32, Кавадарци 36, Дојран 37.
До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе предизвика да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.