Време

Сончево и топло со УВ индекс 9

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 34 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 29, Битола 30, Кавадарци 35, Крива Паланка 29, Берово 28, Дојран 36 степени.

Утре преку денот ќе дува засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието. Попладне понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи особено на југозападот. УВ индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе достигнат до 32 степени во Скопје, Маврово 23, Охрид 28, Битола 29, Крива Паланка 28, Берово 27, Дојран 35.

За време на викендот се очекува сончево и топло време со температуро од 24 до 33 степени.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе