Време

Сончево и топло со температури и до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка 26, Берово 24, Кавадарци и Дојран 31. 

Утре времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 29 степени.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе