Време

Сончево и топло со температури до 37 степени

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Локално ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд и појава на грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 34, Маврово 31, Охрид 27, Битола 33, Берово 37, Крива Паланка 29, Дојран 37 Целзиусови степени.

И утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне со изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури од 30 до 39 степени.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе