Време

Сончево и топло со температури до 36 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени. Маврово 26, Охрид 28, Битола 31, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 34, Дојран 36.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе