Време

Сончево и топло со температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните температури ќе се движат од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 31, Маврово 23, Охрид 28, Битола 30, Кавадарци 33, Крива Паланка 28, Берово 26, Дојран 34 Целзиусови степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ и во наредните денови ќе продолжи периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе