Време

Сончево и топло со слаб до умерен ветер, утре попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 32 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје,  сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 29 степени. Маврово 20, Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци 30, Дојран 32.

Утре во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе