Време

Сончево и топло со попладневни локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид, Крива Паланка и Берово 30, Битола 32, Кавадарци 34, Дојран 35.

И утре ќе имаме сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 26 до 34 степени. 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе