Во Скопје максималната днвена температура ќе биде 34 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 31, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.