Време

Сончево и топло со мала oблачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 Целзиусови степени. 

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе