Време

Сончево и топло со мала облачност

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната од 26 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 35 степени. Маврово 26, Охрид 28, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 27, Кавадарци 36, Дојран 37.

Прогнозата за утре е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се движат од 26 до 35 степени.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе