Време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени. Маврово 25, Охрид 28, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 27, Кавадарци и Дојран 32.

Во среда попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од среда ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе