Време

Сончево и топло, попладне нестабилна облачност и локален пороен дожд

Времето во Македонија и денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме. 

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 33 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 37.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, а дневните температури ќе се движат од 27 до 37 степени.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе