Време

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и Битола максималните дневни температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид и Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се движат пд 25 до 34 степени.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе