Време

Сончево и топло, попладне краткотрајна нестабилност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи. 

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд.

Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 29, Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 28, Кавадарци и Дојран 31.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Од пладневните часови особено во северните и источните делови ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд проследен со грмежи. Дневните температури ќе се движат од 24 до 31 степен.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе