Време

Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Денеска претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачост, а веќе околу пладне на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се најавува невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични прзнења и град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22, а максималната од 29 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време со појава на нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Температурата и во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник по што следува период на стабилно време. 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе