Време

Сончево и топло, од утре дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Дневната температура ќе се ќе се искачи до 31 степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе