Време

Сончево и топло, од сабота нестабилно

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе