Време

Сончево и топло, нагло топење на снегот на планините

Времето ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус еден, а дневната температура до 21 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 14 степени, Охрид 17, Битола и Крива Паланка 18, Кавадарци 21, Берово 16, Дојран 23 степени. 
И утре времето ќе биде сончево и топло со слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 степени. Ваквото сончево и значително потопло време ќе услови нагло топење на снежната покривка на планините.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе