Време

Сончево и топло, денеска во Скопје 20 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Утре во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе