Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. Маврово 24, Охрид 28, Битола 31, Крива Паланка 28, Берово 27, Кавадарци 33, Дојран 34.
Следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот.