Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.
Наредните денови следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.