Временска прогноза

Сончево и студено, со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и  студено, особено во утринските часови. Во северните делови од земјата ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус 4, а дневната од минус 4 до 8 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 3 степени.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе започне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст.

Во четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе