Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус 4, а дневната од минус 4 до 8 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 3 степени.
До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе започне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст.
Во четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.