Време

Сончево и студено

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 3 степени. Маврово -4, Охрид 2, Битола -2, Крива Паланка 0, Берово 1, Кавадарци 4, Дојран 6.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе