Време

Сончево и потопло време, попладне краткотраен дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Во сабота се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе