Време

Сончево и потопло, во Дојран 13 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 2, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во Маврово, Битола и Кавадарци 8, Охрид и Берово 9, Крива Паланка 7, Дојран 13 степени.  

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, во четврток и со засилен северен ветер. За време на викендот облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе