Време

Сончево и потопло

Времето во Maкедонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 28 степени. Маврово 19, Охроид 24, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 31.

Во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите ќе бидат во постепен пораст.


Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе