Време

Сончево и натпросечно топло, од четврток посвежо и дожд

Временската прогноза за денеска е претежно сончево и натпросечно топло за овој период на годината.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 34 Целзиусови степени,Маврово 26, Охрид 28, Битола 32, Кавадарци 35, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36.

Поради високите температури денес вдолж Повардарието, а утре само во југоисточните делови ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски од денешните: Скопје 29, Маврово 22, Охрид 29, Битола 31, Кавадарци 33, Крива Паланка и Берово 27, Дојран 35.

 Од четврток ќе настапи значителна промена на времето - пад на дневните температури од 20 до 28) и повремени врнежи од дожд.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе