Време

Сончево и многу топло со температури до 41 степен

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец. Насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 Целзиусов степен. УВ индексот 9.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 40, Маврово 32, Охрид 35, Битола 38, Кавадарци 40, Крива Паланка 36, Берово 35, Дојран 41.

Прогнозата и за утре е сончево и многу топло, а кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 28 во Маврово, 36 во Скопје, Охрид 34, до 40 во Дојран.

Според временската прогноза на УХМР од среда можни се попладневни локални поројни врнежи од дожд со засилен северен ветер.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе