Време

Сончево и многу топло, попладне локални врнежи од дожд

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени. Маврово 26, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка и Берово 32, Кавадарци 36, Дојран 37.

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на локално невреме. Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе